По 37-ми пат Меморијален кошаркарски турнир „Сестри Китеви“ во Кавадарци (фото)

Објавено: 4 септември, 2026, во 14:06 часот

Спортскиот дел на стопанско културната манифестација „Тиквешки гроздобер“, традиционално стартуваше со одржувањето на 37-миот Меморијален турнир во женска кошарка „Сестри Китеви 2026“.

Трајче Стојанов, советник во Општина Кавадарци, го отвори турнирот и во име на Советот и градоначалникот Митко Јанчев посака успешни натпревари и фер-плеј:

Овој турнир не е само спортски настан, тој е наша традиција, наше сеќавање и начин да ја зачуваме споменот на сестрите Елизабета и Антоанета Китеви – кошаркарки на ЖКК ‘Тиквеш’ кои трагично ги загубија своите животи. Нашата определба е јасна – спортот да има свое заслужно место во животот на Кавадарци, а традициите кои имаат вредност да ги чуваме и надградуваме. Општина Кавадарци продолжува со силна поддршка за спортот и младите, создавајќи услови за нивни развој и успеси,“ рече Стојанов.

На турнирот освен домаќинките ЖКК „Про Баскет“ – Кавадарци учествуваат  екипи од Гевгелија и од Делчево.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.