Издумани Крлевизми: „Изгубените пари можеби ќе ги најдете. Фрлените – никогаш!“
Објавено: 11 септември, 2026, во 10:08 часот
И овој петок за читателската заедница на Дума.мк, афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски напиша 10 нови афоризми. Еве што опсервира афористичкото перо за денеска:
„Се делиме до бескрај, а се множиме до еден.“
„Во селото Мира е виновна за сѐ, а во него многу Мири со друго име.“
„Ако сте на висина на задачата, нема шанси да добиете висинска болест.“
„Се одљубив на прв поглед во друга.“
„Кога се барам себеси, патот го маркирам.“
„Светот настанал деструктивно. Со експлозија.“
„Немајте џиновски барања со џуџести можности!“
„Изгубените пари можеби ќе ги најдете. Фрлените – никогаш!“
„Со мерка! Без неа брзо ќе ве измерат колку тежите.“
„Премногу скромност е нескромност!“
Вашиот,
Атанас Крлевски


