Изложбата „Скопски стрипосестри 2026“ го афирмираше женското стрип творештво во Скопје

Објавено: 15 септември, 2026, во 11:38 часот

Изложбата „Скопски стрипосестри 2026“ беше свечено отворена, вчера вечер, во галеријата „КО-РА“ во Скопје.  Таа е дел од проект организиран од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ и Здружението „Стрип центар – Стрипот може“ од Велес.

На настанот свои дела претставија визуелните и мултидисциплинарните авторки Дона да Видра, Евгенија Трајковска и Ангела Петрушевска. Тим лидер е Томе Трајков, а куратор беше Иван Станчевски.

Како што истакнa Трајков, којшто е и претседател на Здружението „СТРИПОТ МОЖЕ“, поставката понуди увид во визуелното раскажување и развојот на стрип-културата во Mакедонија.

„Ако пред околу  3 децении се зборуваше дека  во списанието Лифт   имало објавено кратки стрипови од две стрип  авторки , кои се појавуваа под псевдоними „Псило“ и „Вентолина“, едната цртач, а другата сценарист тогаш веќе во 2010 г се јавува ликовниот уметник Иванка Апостолова единствената авторка од Македонија  вклучена , во регионалниот проект  “АНТОЛОГИЈА НА ЖЕНСКИОТ СТРИП “ на уредничката и авторка Ирена Јукиќ Прањиќ.А сега, секој којшто ја следи балканската стрип сцена и стрип фестивали лесно ќе забележи дека панел дискусии на тема „ЖЕНСКИОТ СТРИП “ прераснаа во ситуација на тренд, престиж и контрапрестиж . Со други зборови тие се чувствува и натпревар помегу самите фестивали. Се формираат посебни здруженија и мрежи на женски стрип ,како на пример СТРИПОТЕТКИ и други,“ додаде Трајков.

Според Трајков, како и да е, дали е темата женски стрип оправдана или не , таа може да се  перцепира исклучиво во склоп на развојот и афирмацијата на сеопштиот македонски стрип, во и вон Македонија. Дури постои мислење дека кај жените авторки е понагласена трпеливоста во самиот процес на подготвување на едно стрип дело.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.