Имунизацијата, за прв пат, со сериозен пад кај претшколски деца во општините Велес, Чашка и Градско

Објавено: 21 септември, 2026, во 11:06 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Во трите општини постојат родители кои што не ги носат децата за прва ревакцина против магарешка кашлица, детска патрализа, тетанус, дифтерија и хемофилус инфлуенца како и за вакцина против мали сипаници, црвеница и заушки.

Според информациите на Службата за превентивна заштита на предшколски деца при Здравен дом Велес, минатата година, говорат дека ревакцинирани се 431 наместо 529 деца додека вакцинирани сe 421 наместо 614 деца.

Падот од 92 на 85 отсто кај ревакцината против магарешка кашлица, детска патрализа,  тетанус дифтерија и хемофилус инфлуенца како и од 78 на само 63 отсто кај вакцина против мали сипаници, црвеница и заушки се должат на мис или неточни информации. Родителите подлегнуваат на нив и ги загрижуваат, вели д-р Марина Тодоровска, специјалист педијатар, на Службата за превентивна заштита:

Навистина сме на праг на една нова епидемија. Овие бројки што сега ви ги кажав се најниски во последните 10 години. Во соседните држави како Косово и Бугарија сега има регистрирано многу случаи на морбили. Затоа стоиме на располагање на родителите и апелираме да ги донесат децата на вакцинирање за да спречиме можна епидемија на морбили.“

Претходно соопштените податоци генерално говорат за севкупен пад на имунизацијата од 10 отсто во трите општини, Велес, Чашка и Градско.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.