Кавадаречките пожарникари спасија три лица, вчера вечер, од најдојдената Црна Река

Објавено: 21 септември, 2026, во 08:18 часот

Тројца мажи кои што, вчера вечер, во моментот на испуштање вода од ХЕЦ „Тиквеш“ во Црна Река се нашле под мостот беа доведени во опасност. Оддеднаш за два метри се зголемило нивото на водата во речното корито а кавадарчаните успеале да се искачат на бетонскиот дел од мостот. Пожарникарите од противпожарната единица Кавадарци  ги извлекле и пренеле во безбедна зона.

„Со брза и професионална интервенција, успешно ги извлековме и оставивме во безбедна зона тројцата граѓани. За среќа, нема повредени лица, “ соопштија од кавадаречката Територијална против пожарна единица.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.