Жителите на велешко Башино Село не смеат да ја пијат водата од селскиот водовод
Објавено: 22 септември, 2026, во 14:54 часот
Забраната за пиење на водата ја наложила Агенцијата за храна и ветеринарство поради утврдена неправилност.
Информацијата е објавена на веб страницата на Општина Велес со повик до месното население да не ја пие водата.
Таму пишува дека општината на локацијата поставила предупредувачки натпис како и дека општинската администрација ќе ги информира жителите на Башино село кога повторно водата ќе биде безбедна за пиење.
Убавка Јаневска


