Неготинец пријавил во полиција закани со цел да му биде одземена неговата приватна фирма

Објавено: 22 септември, 2026, во 13:53 часот

Пријавата  ја поднел 42 годишен неготинец, ноќва, еден час по полноќ кога во Одделение за внатрешни работи Неготино посочил маж од Скопје кој што подолг временски период вршел притисок додека ноќва заедно со уште еден маж дошле пред неговата семејна куќа во Неготино каде му упатиле закани.

„ На 22.09.2026 година во 01:00 часот во ОВР Неготино, 42-годишен неготинец пријави дека Г.С. од Скопје и уште едно машко лице дошле пред неговиот дом, му се заканувале и барале да изврши префрлување на неговата фирма на други лица. Според пријавеното, Г.С. подолг период преку мобилна апликација вршел притисок врз пријавителот и му испраќал пораки со заканувачка содржина. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување настанот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.