Ведро и постудено утро со сончев ден

Објавено: 24 септември, 2026, во 08:48 часот

Ведро и постудено утро, а во текот на денот сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе се движат од -2 до 12 Целзиусови степени, а максималните температури ќе достигнат од 16 до 25 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на Управата, утре се очекува заладување со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, особено во текот на ноќта и во сабота претпладне. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.