Променливо облачно со сончеви периоди

Објавено: 28 септември, 2026, во 09:04 часот

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер кој ќе дува од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 18 до 26 степени. Најсвежо во текот на денот ќе биде во Маврово и Берово, а највисоката дневна температура се очекува да биде измерена во Гевгелија.

Во Скопје се очекува слично време – променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ) и во наредните денови од оваа седмица се очекува да преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а наместа ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува претежно од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните ќе се движат во границите на просекот за овој период од годината.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.