Пронајдена почината жена во возило на автопат Гевгелија – Велес
Објавено: 28 септември, 2026, во 11:28 часот
„На 27.09.2026 година во 19:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопат Гевгелија-Велес, во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки била пронајдена почината М.Д.(56) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


