ЗГ „Акцијаш ветерани“ одбележува 40 години од СМРА „Титов Велес 86“ со 180 гости, акцијаши ветерани (фото)

Објавено: 6 октомври, 2026, во 16:02 часот

Во 1986-та, над 500 младинци и бригадири од 10 градови на поранешна Југославија како и бригада од Германија ги спремија кордоните ( редови за пошумување на садници) на ридот од Дервенски поток до црква „Свети Спас“ и од црквата до врвот на рид Свети Илија, ги ископаа каналите за поставување на електичен кабел низ градот, го расчистија просторот за изградба на сегашен Младински парк и просторот околу мини хидроцентралата во село Богомила на тогашен „Електро Велес“ како и копаа канавки на автопат „Братство и единство“ кај Куманово. Тогаш во бригадирска населба два месеци беше преадаптирано Основното училиште „Васил Главинов“ каде во две смени беа сместени и престојуваа по пет младински работни бригади.

Сега 180 акцијаши ветерани на 14 граѓански здруженија од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и од Македонија доаѓаат викендов во Велес на покана на организаторот ЗГ „Акцијаш ветерани“ да одбележат јубилеј 40 години од одржување на СМРА „Титов Велес 1986“.

Домаќините и гостите на јубилејното одбележување во сабота, на 10 октомври, ќе изведат заедничка акција на пошумување на дел од спортските терени кај Железен Мост во месноста „Дворови“. Таму ќе засадат 40 дрвца во знак на големиот јубилеј. Садниците ги обезбеди Општина Велес како поддршка на доброволното младинско работно ангажирање или волонтерство.   

-Ова е значајно како за градот Велес така и за државата, бидејќи со вакви активности се анимираат поранешните бригадири сега организирани во здрруженија на акцијаши ветерани. Исто така сакаме да поттикнеме сегашни млади деца, младинци, да ја продолжат оваа наша традиција која што пред  40, 50, 60 поточно 70 и 80 години се одвиваше во нашата тогашна држава, Југославија.“, вели Љупчо Лазевски портпарол на здружението „Акцијаш ветерани“.

Претходно построени во бригадиски строј акцијашите ветерани ќе дефилираат низ градските улици додека нивни претставници заедно со акцијаши ветерани на Работна бригада „Кочо Рацин“ ќе положат цвеќе прво на споменикот на поетот и револуционер  во паркот на гимназијата а потоа и на Спомен костурницата на загинатите борци од НОВ во Велес.

Јубилејот, три дена, ќе се одбележува и со други пропратни активности како и свечености во Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ чиј објект три дена ќе биде преадаптиран во бригадирска населба.

Убавка Јаневска

Фото: ЗГ„Акцијаш ветерани“ и приватна архива на Властимир Јовиќ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.