Концерт во Велес на кларинетистот Иванов и на гитаристот Петио од ансамблот „Altus New Breath“ кој обединува македонски и француски музичари
Објавено: 16 октомври, 2026, во 13:26 часот
Игор Иванов (кларинет) и Ромен Петио (гитара) повторно се среќаваат во Велес на еден исклучителен концерт, со програма која минува низ повеќе големи европски и јужноамерикански музички традиции.
На програмата е музичко патување исполнето со различни бои со дела на Мануел де Фаља, Астор Пјацола, Енрике Гранадос, Бела Барток и македонската композиторка Ана Андовска.
Меѓу народната музика и уметничката музика, ибериските ритми, влијанијата од Централна Европа и аргентинското танго, програмата ја истакнува разновидноста на музичките светови на овие композитори.
Двајцата музичари се членови на ансамблот Altus New Breath, кој обединува македонски и француски музичари околу заеднички музички проекти. Игор Иванов и Ромен Петио веќе неколку години ја споделуваат истата уметничка и музичка авантура. Овојпат настапуваат во интимен дуо состав, во блиска и суптилна музичка комуникација меѓу кларинетот и гитарата.
Концертот е закажан за четврток, 22 октомври, со почеток во 20:00 часот во Ликовен салон Велес.
Убавка Јаневска


