Започна пријавувањето на граѓаните од ризичните групи за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Објавено: 15 октомври, 2026, во 16:04 часот

Министерството за здравство дозволи и граѓаните од ризичните групи започнаа да се пријавуваат за бесплатна вакцина против сезонски грип на линкот https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu.

Граѓаните се регистрираат за вакцинација така што директно влегуваат во системот „Мој термин“ и ги оставаат своите лични податоци. Потоа, во согласност со подготвен распоред кој што е предвиден во планот за вакцинација треба да очекуваат да добијат СМС-порака со информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот што ќе го изберат при регистрацијата.

Право на бесплатна вакцинација против сезонски грип имаат следниве ризични групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од шест месеци до пет години.

„Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи ,“ соопштија од Министерството.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.