Сончево време со температура до 20 степени и северозападен ветер со брзина од 60 км/час
Објавено: 15 октомври, 2026, во 09:13 часот
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието и на места ќе надминува 60 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 0 до 8 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 20 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе биде засилен. Утринската температура ќе се спушти до околу 6 степени, а дневната ќе достигне до 15 степени.
Во петок се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во снег. Во наредните денови ќе продолжи да дува северен ветер, но со послаб интензитет.
Дума.мк


