Општина Лозово по петти пат е организатор на Атлетска трка „11 Октомври“

Објавено: 7 октомври, 2026, во 09:59 часот

Годинава трката која што ќе се одржи во недела, на празникот 11 Октомври, е посветена на  ветеранот Санде Стојановски атлетичар и најстар маратонец во Лозово. Маратонот е составен од четири трки, на 100, 200 и 400 метри кои се ревијални како и трката на 15 км, за професионални атлетичари и рекреативци кои што ќе се натпреваруваат во машка и во женска конкуренција.

-Вкупниот награден фонд кои што го обезбедува Општина Лозово изнесува 52 илјади денари. За освоено прво место, како во машка така и во женска конкуренција,  за трката на 15 километри, паричната награда изнесува по 12 илјади, за второ место по 8 илјади и за трето место по 6 илјади денари заедно со медал и пехар. Пријавувањето е во тек и ќе биде затворено на самиот ден на одржувањето на атлетичарската манифестација, недела 11 Октомври, рече градоначалникот на Лозово Бошко Цветковски.

Трките на 100, на 200 и на 400 метри се ревијални и ќе се одржат во населбата додека трката на 15 километри за старт и цел го има Лозово со тоа што атлетичарите ќе трчаат и низ населените места Милино, Каратманово и Дорфулија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.