Сонце и облаци преку ден, во попладневните часови можен дожд
Објавено: 21 октомври, 2026, во 08:45 часот
Денеска се очекува променливо облачно време, со сончеви периоди и со можност за локален дожд, особено во попладневните часови.
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од 2 до 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 24 степени.
Во Скопје, се очекува релативно топло време за овој период од годината, со повеќе облаци во текот на денот и можност за локален дожд во попладневните часови. Максималната температура ќе достигне 22 степени, соопштија од Управа за хиреометеоролошки работи.
Дума.мк


