Забележана змија на паркинг, совесен сограѓанин ги предупредува велешани да бидат повнимателни

Објавено: 20 октомври, 2026, во 13:51 часот

„Граѓаните кои го користат паркингот кај поранешен Диспанзер АТД да бидат повнимателни бидејќи забележана е змија која лежиште бара под паркираните автомобили. Исто така поголема внимателност треба да имаат и велешани кои живеат во околните куќи и зграда“.

Оваа порака пред неполн час е испратена на мејл од граѓанин на Велес со цел да им укаже на своите сограѓани на опасноста и да ги предупреди дека е потребна поголема претпазливост при паркирање или при земање на возилата од паркингот како и при влегување и излегување од домот на граѓаните кои таму живеат.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.