„Розов Октомври“ во Кавадарци со 150 бесплатни мамографски прегледи

Објавено: 19 октомври, 2026, во 15:36 часот

Сто и педесет термини за бесплатен момографски преглед се ставени на располагање на кавадарчанки и жените во соседната општина Росоман од страна на Одделот за радиологија во кавадаречката ЈЗУ Општа болница.

Заинтересираните жени се пријавуваат на телефонски број ставен на располагање од страна на оваа јавна здравствена установа во Кавадарци.

Прегледите можат да ги искористат жени на возраст  од 40 до 80 години кои не направиле мамографија во последните две години и немаат закажано преглед преку Кабинетот за дојка.

Сто и педесетте бесплатни мамографски прегледи се дел од одбележувањето на  розов Октомври или месецот посветен на женското здравје.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.