Посвежо време со можност за дожд

Објавено: 27 октомври, 2026, во 08:08 часот

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со можност за дожд во северните делови од земјата, а на повисоките планини дождот повремено ќе преминува во снег.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на некои места ќе достигнува брзина од над 60 километри на час. Утринските температури ќе се движат од минус 3 до 8 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 7 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, со можност за дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.