Лишен од слобода кавадарчанец – полицијата му пронашла ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч
Објавено: 27 октомври, 2026, во 16:48 часот
Лишен од слобода е Ј.П.(69) од Кавадарци. По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа и помошни простории на место викано „Васов град, кавадаречко, како и во домот во кој живеел во Кавадарци. При претресот во викенд куќата, лицето доброволно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак како и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имало остатоци од биолошки траги.
„Претресот го извршија полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ и од ОВР Кавадарци го извршиле Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик,“ соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Убавка Јаневска


