Фудбалски натпревар во Раштани, велешко, завршил со физички напад

Објавено: 2 ноември, 2026, во 11:20 часот

Во велешкото село Раштани, вчера, фудбалскиот натпревар  помеѓу ФК „Бузалково“ од Бузалково и ФК „Тополка“ од Превалец завршил со физички напад. Инцидентот се случил околу 15 часот, на крајот на натпреварот, откако двајца навивачи влегле на теренот и натепале тројца фудбалери од гостинската екипа, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

„На 01.11.2026 во 15:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на фудбалско игралиште во село Раштани, велешко, на крајот од фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Бузалковo“ од Бузалково и ФК „Тополка“ – Превалец, двајца навивачи на екипата на ФК „Бузалковo“ влегле на теренот и физички нападнале тројца играчи на ФК „Тополка“. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопштија од СВР Велес.

Засега нема информации дали тепаните фудбалери се здобиле со повреди.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.