Издумани Крлевизми: Патот до успехот ни го трасираат и губитниците
Објавено: 6 ноември, 2026, во 09:35 часот
Афористичкиот поглед на сатиричарот и афористичар Атанас Крлевски во изминатите седум дена резултира со создавање на следниве 10 афоризми:
Aко жените би се облекувале само за мажите, тоа би било експресно.
И најсовршеното убиство на времето остава траги.
Патот до успехот ни го трасираат и губитниците.
Со ВИ ќе учиме многу повеќе непотребни работи.
Сопругата е како политичарите. Ме убедува без докази.
Генијалците не оставаат впечаток на интелекти. Тоа го допуштаат на нивните дела.
И полтронот е горделив. Се гордее со шефот.
Со сопругата често ги заладуваме односите. За да не ни се расипат.
Не барам честење, но ги исполнувам желбите на тие што честат.
Интригите се копање гроб на друг, а кој на друг му копа гроб…
Вашиот,
Атанас Крлевски


