Променливо облачно со сончеви периоди и температури до 25 степени

Објавено: 13 ноември, 2026, во 08:07 часот

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, на места со брзина над 80 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови, прогнозираат од Управата за хидрометроролошки работи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.