Облачно со дожд и ветер од над 80 километри на час

Објавено: 18 ноември, 2026, во 08:31 часот

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој наместа во западните делови повремено ќе достигнува брзина од над 80 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 10 до 21 степен.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, а кон крајот на денот постојат услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој во делови од котлината повремено ќе биде засилен, гласи прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ).

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.