МОН го официјализираше унапредувањето на првите наставници – ментори во средните училишта, на четворица во Велес

Објавено: 23 ноември, 2026, во 14:10 часот

Министерството за образование и наука пред десеттина дена ги испрати согласностите за промена на систематизацијата со новите звања за наставници ментори во четирите средни училишта во Велес откако нивните имиња ги објави уште на 4 мај, годинава. Со тоа официјализирани се првите четворица наставници – ментори во велешките средни училишта.

Тоа се Нада Јованова од ОСУ „Јовче Тесличков“, Зоран Јованов од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Руска Мицева од ССОУ „Димитрија Чуповски“ и Славица Карбева Стојковиќ од  ССОУ„Коле Неделковски“.

Станува збор за унапредување кое досега се реализираше во основните и од минатата година за прв пат во средните училишта од страна на Министерство за образование и наука.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.