Гори Секретаријатот за европски прашања

Објавено: 9 септември, 2020, во 06:41 часот

SEPgori1 fin

09.09.2020

Се’ уште гори во Секретаријатот за европски прашања во Скопје, од каде до пожарникарите пред седум часот било пријавено дека гори првиот кат. Според првичните информации, нема повредени.

Во овој дел се просториите на Државниот инспекторат за животна средина и Медиумската информативна агенција. Евакуирана е целата зграда.

 

На терен излегле повеќе од четири противпожарни возила.

SEPgori fin

Вработените во Секретаријатот кои пристигнале први, но не влегле во зградата, велат дека пожарот почнал на првиот кат и според нив во зградата требало да бидат само луѓето од обезбедувањето.

Од инспекторатот, каде работното време почнува во 08:30 часот, велат  при избувнувањето на пожарот немало вртаботени во нивните простории.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.