Премиерот Зоран Заев е против воведување на нов полициски час
Објавено на 16 октомври, 2020 во 10:06
16.10.2020
Во исчекување на новите мерки кои Комисијата за заразни болести ќе ги донесе за намалување на бројот на заразени од Ковид-19, денеска, Премиерот Зоран Заев со став дека не треба да се брза со воведување на полициски час.
– Јас не сум за целосен лок даун. Сметам дека тоа ќе влијае на економијата. Гледам дека граѓаните ги почитуваат мерките, еве и сега тука сите носиме маски. Ако Комисијата има предлози кои навистина ќе го намалат бројот на заболени, ние ќе ги прифатиме, ама нема да брзаме со полициски час, рече Заев.
Премиерот Зоран Заев изјавата ја даде при обиолка на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.