Повеќе од 4.500 фирми и граѓани и должат на УЈП
Повеќе од 4 500 физички лица, компании и јавни претпријатија се наоѓаат на последната Листа на должници што ја објавува Управата за јавни приходи.
Македонската радио телевизија, Македонија пат и Македонски шуми повторно се на Листата. На неа се и неколку комунални претпријатија, меѓу кои на Гостивар, Тетово, Струга, Пробиштип, а должник е и Општина Дојран. На листата се и државните загубари и фирми под стечај. Дел од фирмите на списокот се со месеци како Ендустрија Ел Азтека и Мотор Коач индустрија интернационал.
Станува збор за долгови доспеани до 31 декември лани и неплатени до 31 март 2016 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Извор: Плусинфо.мк