Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Објавено: 6 октомври, 2026, во 08:51 часот
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека од 5 октомври, понеделник, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2026 година.
Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Исто така, и корисниците кои не користат картички можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.
„Ги известуваме корисниците на правото на Родителски додаток дека подготовката за исплата на ова право е во тек, и истата ќе се реализира во следниот период,“ додаваат од министерството.
Дума.мк
