Студено утро со релативно топол ден, од петок врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни

Објавено: 7 октомври, 2026, во 08:41 часот

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи, исто така, соопшти дека во четврток не очекува постудено утро со ден во кој што ќе преовладува сончево време, со мала до умерена облачност.

Во петок и во деновите од викендот утринските температури ќе бидат во пораст додека времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Се очекува локално врнежите да бидат поројни и проследени со појава на ретки грмежи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.