Нови 399 прекршоци по однос на мерката за носење на лична заштита на лице
Објавено на 4 февруари, 2021 во 10:40
04.02.2021
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистирани се 399 прекршоци.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Стефани Манева
#НосамМаска #МинистерствоЗаВнатрешниРаботи #прекршоци #Ковид-19 #Македонија