Оваа година скромно и виртуелно одбележување на Св. Трифун во Општина Неготино
Објавено на 8 февруари, 2021 во 09:58
08.02.2021
Традиционалната голема прослава на празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун “, кој се одбележуваше со низа на манифестации, во Општина Неготино, оваа година ќе изостане.
Имено, заради состојбата со пандемијата од коронавирусот, а со цел доследно почитување на мерките и препораките за заштита од истиот, централниот настан кој секоја година се одбележуваше на градскиот плоштад годинава се откажува.
Општина Неготино ја објави овогодинешната програма, при што посочи дека годинава празникот ќе биде одбележан скромно со редуцирани настани и содржини со строго почитување на мерките за заштита, како и виртуелно, односно годинешното одбележување на некои од предвидените настани ќе се одвива онлајн.
Мите Јаначков