УХМР: Не очекува сончево и многу студено време со температура под -15, од четврток постепено затоплување
Објавено: 15 февруари, 2021, во 08:39 часот
15.02.2021
Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Утре не очекува сончево и студено време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Под влијание многу студен воздушен бран до среда утринските температури во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица, соопштија од Управа за хидрометеоролошки работи.
Од четрврток постепено ќе се затоплува.
Стефани Манева



