Од денеска во Хрватска олеснети мерки за заштита од Ковид-19

Објавено на 15 февруари, 2021 во 09:48

hrvatska fin

15.02.2021

Од денеска во Хрватска се во сила олеснети епидемиолошки мерки – кафулињата почнуваат да работат со тоа што ќе продаваат пијалоци „за носење”.

Спортски сали, фитнес центри и училишта за странски јазици, детски игралишта и работилници, клубови за автомати, казина и обложувачници, исто така, ќе можат да работат.

Олеснувањето на мерките е придружено со прецизна епидемиолошка рамка, така што луѓето кои земаат храна и пијалоци не смеат да останат на терасите во кафулињата или пред нив.

Не е дозволено влегување во кафулиња, а лицата кои чекаат на испорака мораат да одржуваат растојание од два метра и да користат маски, а на објектите треба да се ставаат известувања за епидемиолошки мерки.

Во фитнес центрите на дваесет квадратни метри може да има само една личност, а сопственикот за тоа мора да истакне известување на влезот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.