Еруптира вулканот Фуего, потоците на лавата се долги околу 1,5 километар
Објавено на 15 февруари, 2021 во 10:53
15.02.2021
Спасувачките служби во Гватемала објавија дека вулканот Фуего, кој се наоѓа на околу 50 километри од главниот град на Гватемала, еруптирал, пишува весникот „Пренса либре“.
Фото: EPA-EFE/Esteban Biba
Потоците на лавата се долги околу 1,5 километар, а столбот од пепел што се издига над вулканот а земјата паѓа во дијаметар од пет километри.
Засега нема информации за евакуација.
Последната ерупција на вулканот Фуего се случи на 3 јуни 2018 година, кога загинаа повеќе од 200 луѓе, потсетува ТАСС.
