Намален е бројот на пациенти на кислородна поддршка во велешката болница, хоспитализирани се вкупно 33 ковид пациенти
Објавено на 16 февруари, 2021 во 13:41
16.02.2021
Во Општа болница Велес хоспитализирани се вкупно 33 пациенти. Од нив 27 се потврдени позитивни на Ковид-19 , двајца пациенти се сомнителни и четворица се со негативен брис но оставени на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 31 пациент додека на Интерно само двајца пациенти, соопшти потпаролката Д-р Елеонора Јованова.
На кислородна поддршка денеска се само осум пациенти, што значи дека е намален бројот во споредба со вчерашниот ден.
Секојдневно се менува ситуацијата со заболени од коронавирусот, затоа се апелира до сите граѓани да ги почитуваат меркие воведени од страна на Владата и Министерството за здравство.
Стефани Манева
