Трагедија во Неготино: Тракторист загина откако излетал од патот

Објавено на 24 февруари, 2021 во 11:34

traktorist

24.02.2021

Вчера во 15.10 часот на патниот правец Неготино – с.Курија се случила сообраќајна незгода во која Т.Е.(75) од Неготино, управувајќи трактор „ИМТ-539“, со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и од здобиените повреди починал на местото на незгодата.

Смртта на лицето била констатирана од лекар од Итна медицинска помош од Неготино. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица – Неготино, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.