Започнува 23-то издание на ИФАД „Стоби“- пет селектирани претстави во официјална конкуренција за награди (видео и фото)

Објавено: 14 септември, 2026, во 15:14 часот

Со претставата „Бегалка“ на струмички театар, утре вечер, вторник, 15 септември, свечено ќе биде отворено годинешното издание на Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ . Фестивалот на љубителите на театарската уметност им нуди програма со пет театарски претстави во официјалниот или натпреварувачки дел додека шестата претстава „Сите прекрасни нешта“, со која ќе биде затворен, е во чест на наградените. Две од претставите се на театри од странство, по една од Сардинија, Италија и од соседна Србија.

На фестивалската програма годинава се претставите:

Почетокот на сите претстави е 20:00 часот.

Претседателка на Жири комисија за доделување на фестивалските награди, како што се за најдобра машка и женска улога, за најдобра претстава и за најдобра режија е Весна Димитрова Бобевски а членови се Кети Борисовска и Пеце Ристевски, актери на велешки и на штипски Театар.

Соочувајќи се предизвикот од се помал број на претстави и продукции на антички текстови, Жарко Спасовски, директор на велешки татар и селектор на ИФАД „Стоби 2026“ на прес конференција соопшти дека од вгодина ќе има измени во органзацијата на фестивалот.

Спасевски, исто така, ја препорача претставата „Лисистрата “ на Театар од Зрењанин, Србија и ја истакна востановената соработка со познатиот театарски Фестивал во Сарза на Сардинија, Италија, каде годинава селектирана е монодрамата „Кога земјата молчи“ на Весна Димитрова Бобевска додека  вгодина велешки Театар ќе ја одигра селектираната претстава „Синиот портокал“.

Претседателката на Жири комисијата, Весна Димитрова Бобевски , даде повеќе информации за театарската претстава „Претходно“ на театарот од Сарза на Сардинија и за повеќе годишната соработка на велешки Театар преку нејзиното и учеството на Драмско студио „Словото“.

ИФАД „Стоби 2026“ годинава се одржува со финансиска поддршка од 500 илјади од Општина Велес и 800 илјади денари од Министерството за култура. 

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.