СДСМ на следниот конгрес ќе го смени своето име, вели Заев
Објавено на 2 март, 2021 во 10:38
02.03.2021
Премиерот, Зоран Заев денеска изјави дека за придавката – „Северна“ во името на владејачката партија СДСМ ќе се разговара на следниот конгрес на партијата.
„Тоа може да биде на следниот конгрес, ние тоа не можеме на извршен или на централен одбор, кој ретко се свикува. До сега имавме само еден конгрес и тој беше онлајн и незнаевме до каде ќе биде ефикасен. Во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор. Има иницијатива за име „СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија“, но има и други идеи, рече Заев.
Претседателот на СДСМ ова го одговори во контекст на тоа дека политичките партии се финансираат од државниот буџет и дека согласно тоа, треба да го променат името.