Евакуирани туристи од мавзолејот Таџ Махал во Индија поради дојава за бомба
Објавено на 4 март, 2021 во 09:08
04.03.2021
Индиските сили за безбедност утрово евакуираа туристи од Таџ Махал, најпознатиот споменик во земјата, по анонимната телефонска дојава за поставена бомба во мавзолејот.
Специјални полициски сили веднаш почнаа со пребарување на Таџ Махал, но експлозив досега не е пронајден, пренесува „Тајмс оф Индија“.
Полицијата смета дека дојава е, најверојатно, лажна, меѓутоа се преземени сите мерки на претпазливост. Претставник на полицијата изјави дека е идентификувана локацијата на дојавата.