Најстарата личност во светот ќе го носи олимпискиот оган во Јапонија
22.03.2021
Најстарата личност на светот, 118-годишната Јапонка, Кане Танака ќе го носи олимпискиот факел.
Таа два пати се лекувала од рак, преживела две глобални пандемии и обожува да пие газирани пијалаци. Во мај, таа ќе носи факел во градот Шиме.
Танака ќе го носи факелот во должина од сто метри додека седи во инвалидска количка што ќе ја турка еден од членовите на нејзиното семејство.
Но, таа е решена да направи неколку чекори во финишот и да му го даде факелот на следниот тркач.
Во јануари оваа година, Танака доби чевли од нејзиното семејство како подарок за роденден.
– Одлично што ја доживеа оваа година и што сè уште може да има активен живот. Ние сакаме други луѓе да го видат тоа и да се чувствуваат инспирирани, да не мислат дека годините се пречка, рече Еиџи Танака. Тој има 60 години и е внук на Кане Танака.
Летните олимписки игри во Токио требаше да се одржат минатата година, но беа одложени за оваа година поради коронавирусот.