(ВИДЕО) Најевтиниот хотел во Европа со најевтини цени
23.03.2021
Видеото објавено на Јутјуб пред две години, додека сè уште можеше да се патува, „Останав во најевтиниот хотел во Европа“, е вистински хит овие денови.
Како што сугерира насловот, авторот Бенџамин Рич престојувал во најевтиниот хотел во Европа, поточно во Белорусија.
Името на хотелот е симболично, „Хотел“, а на првите снимки зад Бенџамин може да се види постара куќа.
Снимил сè со камера – влезот, ходникот, рецепцијата и на крај својата соба, во која има фрижидер, кревет, бања и телевизор.
Иако можеби не е можно да се заклучи од видеото, Бенџамин вели дека целиот хотел е многу чист и топол, а просторијата воопшто не треба да се заклучува бидејќи местото каде што е хотелот е многу безбедно.
Во еден момент ја откри цената на ноќта, а многумина останаа во шок. За сето ова и, како што тврди многу добра услуга, ќе плаќате само 3.5 евра за една ноќ!
Совршено место ако треба само да преспиете, а преку ден планирате да патувате на околните места. Одлично е и ако треба да останете некаде една ноќ за време на долго патување, тврди Бенџамин.