(ВИДЕО) Во сибирскиот мраз пронајдени траги на пластика од што се згрозени експертите
23.03.2021
Руски научници работат на разбирање на обемот на потенцијална опасност од присуството на пластични микрочестички во сибирскиот снег што е загаден од нив, што претставува голема закана за животната средина во тој руски регион.
Загрижувачки е што, како што снегот постепено се топи, микропластиката продира во тамошната почва.
Научниците од Државниот универзитет во Томск (ТСУ) велат дека собрале примероци од снег од 20 различни сибирски региони – од планините Алтај до Арктикот – и дека нивните првични откритија потврдуваат присуство на пластични влакна во снегот, кои се пренесуваат преку воздухот и оддалечените делови на сибирската пустина.
„Сосема е јасно дека наоѓаме микропластика не само во реките и морињата ширум светот, туку и во почвата и живите организми, па дури и во атмосферата“, рече Јулија Франк, научен директор на Сибирскиот центар за микропластика, кој работи во универзитетот во Томск.
Микропластика, која се формира кога поголеми парчиња пластичен отпад се распаѓаат со текот на времето, сè повеќе се наоѓаат во воздухот, храната, водата за пиење, па дури и во мразот на Арктикот.
Научниците се повеќе се загрижени затоа што стравуваат дека микропластиката може да го загрози здравјето на луѓето и морската флора и фауна, иако сè уште нема консензус за тоа прашање.
Научниците од Томск претходно откриле микропластика во дигестивниот тракт на рибите уловени во сибирските реки, што е потврда дека овој процес придонесува за загадување на Арктичкиот океан со пластика.
„Сибир е апсолутно недоволно истражен во овој аспект и нашиот (руски) интерес за овој проблем е одложен во споредба со остатокот од светот“, рече Франкова.
Научниците сега проучуваат примероци од снег за да разберат до кој степен густината на населението, близината до патиштата и автопатите, како и другите човечки активности, придонесуваат за загадување.