Малолетник каснат од куче скитник, спроведена акциска контрола за брзо возење и казни за не носење маска и прекршување на полициски час
19.04.2021
Малолетник бил каснат од куче скитник, вчера, на улица „11-ти Октомври“ во Велес.
Во текот на истиот ден, во период од 12:00 до 18:00 часот, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Вкупно биле регистрирани 72 прекрошици од кои најголем број во град Велес односно 29, во Кавадарци 17 и 26 прекршоци во Неготино.
За непочитување на забраната за движење за време на полициски час, кој трае во период од 20:00 до 05:00 часот, регистрирани се шест лица и тоа четворица велешани и двајца неготинци.
Против лицата ќе следуваат соодветни мерки.
За Уредбата за носење на лична заштита казнети се 48 граѓани, од кои 38 во Велес, шест во Кавадарци и четворица во Неготино.
Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат воведените мерки од страна на Министерство за здравство, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
Стефани Манева