УХМР: Денеска сончево време, утре облачно со врнежи од дожд
Објавено на 22 април, 2021 во 07:22
22.04.2021
Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, почести во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утре и во сабота ќе преовладува облачно и посвежо време со врнежи од дожд кои ќе се пообилни во јужните делови од земјата. Во недела и на почетокот на следната работна недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и температурите ќе бидат во пораст.
Стефани Манева
