Филипче ќе се вакцинира со „Синофарм“
Објавено на 30 април, 2021 во 16:32
Министерот за здравство Венко Филипче одговори на новинарско прашање, во денешното гостување на телевизијата Канал 5, кога ќе се вакцинира.
Филипче соопшти дека можно е да биде вакциниран неделава со вакцината што веќе пристигна во голем број. Неделава поголема количина на вакцини се очекува од кинеската фирма „Синофарм“.
Според изјавата на Филипче, до крајот на месец мај, ќе пристигнат и вакцини од производителот „Фајзер“ како и 500 000 дози од вакцините на „Синовак“.
Редовна вакцинација продолжува по празниците. Прво ќе се вакцинираат пријавените повозрасни граѓани и тоа на сите вакцинални пунктови дневно се очекува да се вакцинираат од 10 до 15 илјади граѓани.
Фото: Дојче веле