Бројот на лежечки болни во велешката болница секојдневно се намалува
Објавено на 10 мај, 2021 во 16:33
Во Општа болница Велес, вкупно се хоспитализирани 52 пациенти. Од кои 37 се потврдени позитивни, пет сомнителни и 10 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 23 ковид пациенти, соопшти потпаролката на велешката болница, Елеонора Јованова.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 26 ковид пациенти, во Интерно одделение шест и во Модуларна болница 20 пациенти.
Стефани Манева