Фактор: Ќе паѓаат каматите на кредитите, но и на штедењето

Објавено: 4 декември, 2015, во 09:38 часот

Банкарите полека ја сумираат 2015 година. Заклучно со крајот на септември нето добивката во банкарскиот сектор изнесува 21 милион евра, со раст од 54% во однос на јуни, лани. И годинава продолжи трендот на раст на кредитите и на депозитите, но и на нефункционалните побарувања.

Пад на каматите на потрошувачки кредити …

Дел од кредитите за население можно е да поевтинат. Поради конкуренцијата во банкарскиот сектор постојат услови за намалување на каматите, најави Ѓорѓи Јанчевски, прв човек на Здружението на банкари. Од друга страна, можно е и натамошно намалување на каматите за депозитите.

Нефункционалните кредити и профити …

Сумираните податоци за 2015 година, заклучно со октомври покажуваат натамошен  пораст на нефункционалните кредити, кои на крајот од лани изнесувале 11,2%. Во анализираниот период намалување има кај проблематичните кредити за население а зголемување кај компаниите.

Нефункционални кредити 11,7%:

Население 5,5%

Правни лица 16,5%

По најавата на гувернерот Димитар Богов дека по Нова година можни се мерки поврзани со потрошувачките кредити, првиот човек на Здружението на банкари, Јанчевски вели дека нема да има  забавување или застој во одборување на овој вид на кредити.

Текстот во целост прочитај го тука.


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.