„Рајанер“ ќе лета од скопскиот аеродром

Објавено: 13 јули, 2015, во 13:27 часот

Нискобуџетниот авиопревозник „Рајанер“ потврди дека планира да воспостави авиолинии до скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Како што изјави менаџерот за комуникации на компанијата, Робин Кајли, во моментов се водат преговори со македонската влада за потенцијални авиоолинии до скопскиот аеродром, пишува „Екс-ју Авиејшн њуз“.

Најфрекфентниот европски нискобуџетен авиопревозник постојано лета до „Подгорица“, додека летовите до Хрватска, како и до базата во Задар, се исклучиво само за летниот период.

„Рајанер“ е ирска авиокомпанија со седиште во Даблин, основана во 1985 година. Има воспоставено 362 линии во 22 земји ширум Европа, а во 2014 успеа да превезе 87 милиони патници на стариот континент.

Инаку, од двата аеродрома во земјава воспоствени се директни авионски линии до повеќе европски градови од страна на нискобуџетниот превозник „Визер“.

Извор: Капитал

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.