„Ти моја си“, најновиот сингл на групата Три пати на ден

Објавено: 26 мај, 2015, во 14:01 часот

По дваесет и три години, групата Три пати на ден се враќа на македонската музичка сцена. Со промени во составот, бендот веќе го пушти во етер најновиот сингл „Ти, моја си“.

Песната е авторско дело на самите членови на групата.

Инаку, овој бенд е формиран во 80-те, со името „Шик“. Десетина години подоцна, момците го менуваат името на бендот во „Три пати на ден“ и снимаат уште две песни. Непосредно по ова го издаваат и својот прв албум „Гризни ме“.

Нивниот најнов сингл „Ти, моја си“ е вистинско освежување на домашната музичка сцена,а воедно е и актуелниот Мак хит на Радио мрежа Канал 77.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.